HomeАктуелноЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари во државава

ЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари во државава

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 7.30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати).

Според ЦУК, изгаснати се следните пожари:

Општина Бутел – ул. Бутелска бб (ниска вегетација);
Општина Шуто Оризари – с. Визбегово (ѓубре);
Општина Аеродром – с. Долно Лисиче (ѓубре и ниска вегетација);
Општина Сарај – с. Боковиќ (ѓубре);
Општина Сопиште (ѓубре);
Општина Битола – с. Крклино (ниска вегетација);
Општина Новаци – с. Магленци (депонија);
Општина Крушево – с. Јакранево (ниска вегетација);
Општина Василево – помеѓу с. Доброшинци и с. Василево (ниска вегетација, стрништа и дива депонија);
Општина Охрид – Буково (депонија);
Општина Кичево – с. Зајас (стрниште и плевна);
Општина Струга – помеѓу селата Враништа и Горна Белица (ниска вегетација);
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Слатина и с. Грешница (ниска вегетација);
Општина Велес – населба Превалец (ниска вегетација);
Општина Росоман – с. Сирково (ниска вегетација и овошни насади);
Општина Росоман – с. Дербриште – Камен Дол (ниска вегетација);
Општина Куманово – с. Романовце (три интервенции на различни часови на исто место – ѓубре);
Општина Куманово – с. Рамановце, во близина на патарината (ниска вегетација, стрниште и ѓубре);
Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација и стрниште);
Општина Липково – с. Опаје (стрниште);
Општина Старо Нагоричане – с. Стрезовце (ниска вегетација);
Општина Брвеница – с. Брвеница (нива);
Општина Јагуновце – патот с. Нераште кон с. Радуша;
Општина Јагуновце – с. Јанчиште (ниска вегетација);
Општина Тетово – м.в. Меда Три (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Теарце – с. Теарце (нива, стрништа и ниска вегетација);
Општина Карбинци – помеѓу селата Карбинци и Балван (ниска вегетација). објавува Журнал.мк

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.