HomeАктуелно127 санкционирани возачи во Скопје, 17 за брзо возење

127 санкционирани возачи во Скопје, 17 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од МВР, изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, две мерки за нерегистрирани возила…

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од министерството.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.