HomeАктуелно17 милијарди денари за зголемување на пензиите и здравствено осигурување на пензионерите

17 милијарди денари за зголемување на пензиите и здравствено осигурување на пензионерите

Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што посочуваат оттаму, вторто линеарно покачување од 2.500 денари се заокружи циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март која изнесуваше 18.192 денари, додека просечната пензија изнесуваше околу 26.258 денари.

-За таа цел како Влада во Буџетот за 2025 година се обезбедени 15 милијарди денари за зголемување на пензиите и дополнителни 1,9 милијарди денари за здравствено осигурување на пензионерите, односно вкупно 17 милијарди денари, се наведува во соопштението.

Од Владата посочуваат дека посветено работат на создавање сигурен и достоинствен живот за сите граѓани и дека продолжуваат кон реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.