HomeАктуелно183 санкционирани возачи, 58 за брзо возење

183 санкционирани возачи, 58 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.