20 лица се повредени во сообраќајна незгода која попладнево се случи на излезот од Битола кон Грција, на Краварски пат.
Како што информираат од СВР Битола, сообраќајката кај нив е пријавена во 14:40 часот. Се случила во непосредна близина на бензинска пумпа, а во неа учествувале три возила, еден патнички автомобил, едно комбе кое превезувало работници и еден паркиран камион влекач.
Како што информира директорката на битолската Клиничка болница, д-р Билјана Гагачовска, од 20 лица кои побарале помош, шест се со потешки, додека 14 се со полесни повреди, меѓутоа засега никој од повредените не е задржан на болничко лекување.
Увидна екипа на битолската полиција вршеше увид на местото на незгодата до доцните попладневни часови, а засега не е позната причината за сообраќајната незгода