Вербална расправија меѓу две лица од Лескоец
Двајца жители на селото Лескоец го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатување вербални закани еден кон друг. Потпаролот на СВР Охрид информира дека на 13.05.2022 година во 17:40 часот, на локален пат во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир.
