Од денеска повторно во функција сообраќајниот влез во Битола од правец на Ресен
Општина Битола информира дека заврши асфалтирањето на улицата „Довлеџик“, со што повторно во употреба е западниот сообраќаен влез во градот од Ресен. Како што е познато викендов во Битола се асфалтираше улицата „Довлеџик“ на потегот од крстосницата со улицата „Големо Езеро“ до мостот на реката Драгор.
