Прекин во водоснабдувањето на улицата „Гоце Делчев“
Дел од жителите на улицата „Гоце Делчев“ претпладнево се без вода. Од охридски Водовод информираат дека се интервенира во водоводната мрежа на потегот од “Дрвара” до здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае неколку часа.
