Home2022 (Page 592)

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за

На  24.04.2022  година во  06.30 часот, Б.Д.(26) од Кавадарци,  пријави дека во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил физички нападнат од Ц.Б. (41) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ЈП “Билјанини Извори” по повод големиот христијански празник “Велигден” донесе одлука на ден 24. 04. 2022 година (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници, соопшти јавното претпријатие. ЈП “Билјанини Извори” им посакува на сите граѓани

Според објавите на босанските медиуми, голема материјална штета на куќите е причинета во Столац, место кое е во близина на епицентарот на земјотресот. Оштетени се фасадите, урнати се оџаци, а одрони се регистрирани на повеќе патни правци. Паниката сѐ уште е присутна кај жителите на Босна

На 22.04.2022 од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко. Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри.

Полни кафулиња и ресторани, радвиженост низ чаршијата и кејот. Ваква е сликата на продолжениот празничен викенд во најголемиот туристички центар во земјава, Охрид. Туристите од соседството најбројни на брегот на Охридското Езеро, но не изостануваат ниту домашните гости. Со намалување на КОВИД мерките интересот за уживање

Во вечерните часови денеска, Велика сабота, во нашата држава ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим. Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква. -Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов.

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото

Сè уште е активен пожарот кој вчера избувна во шумата над струшката населба Елен Камен. Екипа на Територијалната противпожарна единица – Струга е на терен, но местото било непристапно за возило. – Засега нема опасност за викендичките и куќите во населбата Елен Камен, информираат од ТППЕ

Голем пожар избувнал попладнево над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда, пренесува Сител. Очевидци велат дека пожарот се шири бргу поради силниот ветер, а локалните жители стравуваат дека може да ги зафати куќите во близина. На терен се екипите на противпожарната бригада, но како што сведочат