HomeАктуелно30 дена привтвор за 21 годишник кој во дворот на својата куќа си одгледувал стебла канабис

30 дена привтвор за 21 годишник кој во дворот на својата куќа си одгледувал стебла канабис

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти ЈОРМ, осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел во селото Криволак, Општина Неготино, неовластено одгледувал 33 стебла од растението Cannabis Sativa, од кое со обработка се добива наркотична дрога – марихуана. Дополнителни четири стебла тој одгледувал и на парцела во близина на ЈП Исар во Штип.

Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.