Home2023ноември (Page 8)

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во рамки на генералната проба за 20. Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември, во СРЦ „Борис Трајковски“, соопшти МВР. За

Три лица физички нападнале вработен во обезбедувањето во фабрика за марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од 552,85 килограми

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ,  одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР

На 26.11.2023 во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-20, Струга-12, Кичево-14, Дебар-16), информираат од СВР Охрид.

Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за ноември, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Евидентирано е двојно зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце, на Треска кај Македонски Брод, како и на Пчиња кај Катлановска Бања. Намалување под просекот имаат Црна

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори". При контрола, извршена на 03.11.2023.година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога го

МТСП: Известување за неработни денови Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека: Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023

Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ: Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри Рок на употреба: до 30.08.2024 година

Утре започнува Големиот Божиќен Пост кој ќе трае до Божиќ МПЦ и нејзините верници денеска го слават празникот посветен на Светиот апостол Филип, како и Божиќни поклади. Православната црква и верниците денеска ја слават славата на Светиот апостол Филип, празник во народот познат како Божиќни поклади. Овој

Во 7.30 часот утрово најниска температура од 10 степени под нулата е измерена во Битола, Берово, Попова Шапка и Маврови Анови. Како што соопшти УХМР, -8 степени се измерени во Прилеп, Дебар и Крушево, -7 во Охрид, -6 степени во Тетово, Крива Паланка и Демир Капија,