Home2023ноември (Page 6)

Во 10:30 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонијапат. Забраната беше воведена утрово од 8:30 часот на патниот правец Гостивар-Кичево преку Стража.

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска од 9 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои утре и задутре (29 и 30.11.2023) имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите за издавање на лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик. Имено, С.Р. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни

Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги зголеми пензиите на сите пензионери, линеарно за 5000 денари, во рок од една година Оваа однародена власт, нема никаков слух, за пензионерите, кои со месеци со право протестираат, низ градовите во Македонија. Наместо достоинствено да ги живеат своите пензионерски денови, пензионерите

Соопштение за јавност Коалицијата на ДПМНЕ и Левица, за која јавно се изјаснија и Мицкоски и Апасиев почива на анти НАТО, анти ЕУ вредности, како и на љубовта кон режимот на двете партии. Се потврдува дека на претстојните парламентарни избори ќе има два политичка блока. Првиот проевропски блок,

Синоќа се реши едно од најголемите прашања поврзани со учесниците на ОБСЕ, откако Бугарија го отвори небото за рускиот владин авион, со што потврдено е доаѓањето на рускиот шеф Сергеј Лавров во Скопје. Информацијата ја потврди амбасадорката на Руската Федерација во Софија, Елеонора Митрофанова. Добивме позитивен одговор

Министерството за внатрешни работи вчера вечер соопшти дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на 14-годишната В.Ѓ откако вчера нејзината мајка го пријави нејзиното исчезнување во полиција. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје

Неколку сообраќајници во Скопје денеска ќе бидат затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од среда до петок ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сообраќај ќе бидат затворени

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, од 08.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од ЦУК. Сообраќајот на државните патишта