Натамошен раст на безготовинските платежни трансакции со платежни картички и електронски иницираните кредитни трансфери во земјата
Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2023 година. Податоците покажуваат дека и во третиот квартал од 2023 година се бележи нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено
