Home2024јуни (Page 24)

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови. Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил во Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УБ

Одбројувањето заврши и денеска започнува Европското првенство во Германија, кое со голем интерес го очекуваа фудбалските фанови. Воведниот натпревар ќе биде меѓу Германија и Шкотска во 21 часот на „Минхен Арена“. Германците се надеваат дека ќе ја повторат својата традиција на успешни настапи на големите фудбалски форуми

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја одржи втората седница. На дневен ред се утврдување Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Разгледување на барања за

Центарот за управување со кризи регистрира 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати, па од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај с. Раштак; Сарај, кај с.Кондово; Сопиште

Во Кратово синоќа се случило двојно убиство – приведена е 37-годишна жена откако со нож ги убила сопругот и свекорот.. Причината за убиството се уште не е познато, но се верува дека била семејна кавга. Жената е приведена во полициска станица а наскоро очекуваме повеќе информации од

Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео. Од вкупно 500

Двојно убиство вечерва го потресе Кратово. Според информациите, жена на возраст од 37 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор, пренесува „ТВ 21. Подетални информации очекуваме од страна на МВР.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.А.(25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При контрола на патничкo возило „цитроен”, кое го управувал пријавениот, извршена на улицата „Магистрален пат”

Министерството за образование и наука (МОН) со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе