ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.А.(25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
При контрола на патничкo возило „цитроен”, кое го управувал пријавениот, извршена на улицата „Магистрален пат” во Кичево на 18.10.2023, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана, додаваат од МВР.
