Home2025март (Page 15)

Утре, 20 март 2025 година, во 15:00 часот, во Струмица ќе биде погребан Ѓорѓи Ѓоргиев. Посмртните останки на Ѓоргиев ќе бидат изложени во Градската капела од 12:00 часот, каде сите оние кои сакаат да му оддадат последна почит ќе имаат можност да го направат тоа.

За сите оние кои што било како допринеле со милиметар да се случи ова кое што се случило, ќе има одговорност, без разлика дали се тие од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ или од некоја друга политичка партија, без разлика дали се Македонци, Албанци

Во овие тешки времиња за целата нација, Македонски Телеком и Дојче Телеком ја изразуваат својата солидарност со донација од 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените. Длабоко жалиме за младите изгубени

Во овие тешки времиња, ја изразуваме својата солидарност со сите погодени од трагедијата! Со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените. Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани…

Новиот снег кој наврна во текот на изминатите два дена, во содејство со силниот североисточен ветар, повторно го блокираа превојот Баба на Галичица, информираат од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Апелираме до граѓаните, да не се обидуваат со возила да го минуваат овој превој

Почитувана јавност, Почитувани медиуми, Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите што сте присутни тука. Денеска одлучивме да имаме заедничка прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, господинот Сашо Клековски и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски. Ќе ја започнам оваа прес-конференција со информации

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите со поголем степен на изгореници се високоспецифични и бараат специфично искуство и затоа се решиле да се праќаат пациенти во странство. На еден пациент во Солун

Владата на Република Северна Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од

Во најголемата трагедија во историјата на Македонија згаснаа 59 млади животи, откако се запали ноќниот клуб во Кочани. Семејствата се подготвуваат за погреб на 59 млади, чии живпти згаснаа во една во една од најголемите трагедии во историјата на земјава. Со длабока жалост ве информираме дека

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изрази голема благодарност до граѓаните низ целата држава за достоинствено оддавање почит на жртвите, на протестите кои се одржаа во голем број градови во државата. „Ова покажа дека како општество знаеме да ја споделиме болката со почит и солидарност.