Тошковски со поддршка на првата Национална конференција за безбедност на сообраќајот во општините: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа", што се одржа во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Пред претставници на Владата, општините, ЗЕЛС, РСБСП и експертската јавност,
