HomeАктуелноХорор ја потресе Македонија: Претепана и искасапена 24-годишна девојка

Хорор ја потресе Македонија: Претепана и искасапена 24-годишна девојка

24-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот партнер во домот во подрачјето на Кисела Вода.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 7 октомври 2026 година во 14:30 часот во СВР Скопје.

Жената пријавила дека инцидентот се случил на 4 октомври околу 18:00 часот, кога во домот била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Ј.

Според пријавата, по физичкиот напад, партнерот употребил и остар предмет, со кој ѝ нанел расекотини.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.