HomeАктуелно230 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење

230 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.08.2023), СВР Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се 10 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.