HomeАктуелно232 сообраќајни прекршоци, 62 за брзо возење

232 сообраќајни прекршоци, 62 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.