HomeАктуелно247 санкции за брзо возење

247 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (03.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 133 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.