HomeАктуелно25 годишник со „голф“ удрил мотоциклист па го напуштил местото на несреќата

25 годишник со „голф“ удрил мотоциклист па го напуштил местото на несреќата

На 22.04.2023 во 14.50 часот било пријавено дека во Кавадарци на ул.“7-ми Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл “бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.К.(57) од Кавадарци и патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од М.М.(25) од Кавадарци, кое го напуштило местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.