HomeАктуелно250 евра за секој студент? Овие парични средства одат на сметка на студентите!

250 евра за секој студент? Овие парични средства одат на сметка на студентите!

фб-објава од пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

250 евра ваучер за сите студенти, без разлика дали студираат на државен или приватен универзитет, за електронски уреди!

Денеска во Собранието на Република Македонија го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери за студентите.

Со овој закон се предвидува финансиска поддршка за младите преку ваучери за набавка на електронски уреди — персонален компјутер, лаптоп или таблет.

Право на ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години, редовни и вонредни, запишани во учебната 2025/2026 година на државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија.

– Ваучерите се издаваат во вкупен износ од 850.000.000 денари
– Секој ваучер ќе биде со вредност од 15.300 денари
– Се предвидува издавање на вкупно 55.000 ваучери

♥️ Целта на овој проект е јасна – поддршка за дигитална писменост, подобри услови за студирање и еднаков пристап до технолошки алатки за сите студенти во државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.