HomeАктуелно26-годишник си шетал низ скопски трговски центар со пиштол за кој немал дозвола и 4 куршуми | ФОТО

26-годишник си шетал низ скопски трговски центар со пиштол за кој немал дозвола и 4 куршуми | ФОТО

На 29.07.2022 во 10.30 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода М.Е.(26). Кај него биле пронајдени пиштол непозната марка 6.25мм и рамка со 4 куршуми, информираа од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, М.Е. немал дозвола за поседување огнено оружје, со што се сомничи дека сторил кривично дело предвидено и казниво по член 395 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.