Денеска (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Охрид, при што санкционирани се 27 возачи, од кои 15 на територија на Охрид, шест на територија на Дебар, пет на територија на Струга и еден на територија на Кичево.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.