HomeАктуелно300-тото јубилејно бебе за 2025 година родено во Болница Плодност!
300-тото јубилејно бебе за 2025 година родено во Болница Плодност!
Денес го прославуваме 300-тото јубилејно бебе за 2025 година родено во Болница Плодност! Во утринските часови, со спонтано породување на свет дојде малиот Максим
Најголемото значење на оваа бројка постигната за краток период во вториот квартал од годината е довербата која секојдневно ни ја укажуваат родителите од цела држава. Заслугата за уште едно успешно природно породување, со кое ја збогативме нашата статистика и целта кон која се стремиме, а тоа е секое породување да се изведе природно таму каде што условите го дозволуваат, ја оддаваме на тимот предводен од Д-р Ана Вангелов, Д-р Маргарита Камбовска, Прим. Д-р Владимир Ристевски и медицинските сестри Надица Нешковски, Тања Дукоска и Александра Димовска. Радоста за семејството е неизмерна
Добредојде на свет, Максим! – стои во објавата на Болница Плодност.