HomeАктуелноЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари на отворен простор во државава

ЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари на отворен простор во државава

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 16 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците заклучно со 7:30 часот, активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани во Општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Активни пожари има и над селото Палиград во Општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста Сватови во Општина Чашка, кај селото Урвич во Општина Боговиње, кај селото Градец во Општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод.

Под контрола е ставен пожарот што се протега од реонот на селото Трново во Општина Гостивар кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, каде беа зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во меѓувреме, целосно се изгаснати 16 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во општините Илинден, Ѓорче Петров, Прилеп, Долнени, Ресен, Богданци, Струга, Делчево, Старо Нагоричане, Јегуновце, Тетово, Брвеница, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.