HomeАктуелно67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Северна Македонија.

67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Северна Македонија.

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во Северна Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

Извор:Влада

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.