HomeАктуелно71-годишен битолчанец силувал 8-годишно дете

71-годишен битолчанец силувал 8-годишно дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.