HomeАктуелно79 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, два без лиценца

79 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, два без лиценца

Во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се две кривични дела за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 79 сообраќајни прекршоци. Од нив девет за возење без возачка дозвола, пет за возење со брзина поголема од дозволената.
Изречени се седум мерки за технички неисправни возила, три мерки за неносење сигурносен појас..

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.