HomeАктуелноБез струја утре делови од неколку скопски општини

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Поради закажани технички зафати во ситемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од РЦУК Скопје информираат дека утре од 08.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат дел од село Крушопек – дел околу стопанските субјекти во Општина Сарај, од 12.00 до 15.00 часот ул. „2“ во с. Студеничани во Општина Студеничани, од 11.00 до 13.00 часот ул. „Томе Арсовски“ бр. 30 во Општина Кисела Вода, од 09.00 до 12.00 часот ул. „Антон Чехов“ во Општина Ѓорче Петров, од 07.30 до 15.30 часот корисниците од улиците „Македонски Кралеви“, „363“, „Клинска Река“, „Славеј Планина“, „391“, „Стојко Јовановски“, „Св. Прохор Пчински“, „7-ми Јули“, „Максут Садиќ“, „Пере Тошев“, „Кримска“, „Исмаил Кадаре“, ул. „380“ и бул. „Македонско Косовска Бригада“ во Општина Чаир и од 09.00  до 13.00 часот ул. „Боковиќ“ од бр. 8 – 10 и ул. „Митре Влаот“ бр. 20 во Општина Аеродром.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.