Министерот Оливер Спасовски на денешната изјава по посетата на повредените полицајци кажа дека нема ниту еден повреден граѓанин, а уапсени се само оние кои ги нападнаа полицајците и фрлаа кон институциите.
Овој случај потсетува на случајот од 27 април. Триесетина маскирани луѓе со качулки на главата го предизвикуваат целиот овој неред, напад на институциите и полициските службеници, секако дека професионалниот однос на македонската полиција се огледа во тоа што исклучиво се изврши интервенција врз оние што напаѓаа и ги повредија полициските службеници. Немаме ниту еден повреден граѓанин во протестите и приведени се само оние кои направија физички напад и материјална штета, кажа Спасовски.
