HomeАктуелноНевреме ја попречува потрагата по третиот Македонец, Мартин

Невреме ја попречува потрагата по третиот Македонец, Мартин

Невреме на Халкидики ја отежнува спасувачката акција за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој во саботата попладне исчезна во водите на Егејското Море кај Посиди на Халкидики. Двајцата негови другари, Васил и Иван, се веќе пронајдени и се надвор од животна опасност.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска на Халкиди се очекува да пристигне и семејството на Мартин од САД, јавуваат грчките медиуми.

Во саботата попладнето, по роденденската забава за Иван (30), тројцата другари, и Васил (25) и Мартин, решиле да се избањаат кај Посиди. И одговорните лица и мештаните велат дека тоа место било опасно за капење поради опасните морски струи.

Од утрово спасувачките екипи се борат и со невремето, силните ветришта се со јачина и до 7 бофори. Спасувачите планираат да постават и подводен дрон што значително ќе помогне во потрагата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.