HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ – Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

НАЈНОВА ВЕСТ – Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Со 68 гласа „За“ пратениците во Собранието денеска ги усвоија заклучоците за таканаречниот француски предлог со кој треба да се откочат македонските евроинтеграции. Немаше против и воздржани пратеници. Усвојувањето на предлогот беше дочекан со аплауз од пратениците од владејачкото мнозинство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата и пред гласањето ја напуштија собраниската сала.

Три дена пратениците раправаа за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Дебатата во Собранието постојано се одвиваше во слична атмосфера како што започна со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаа пратениците на СДСМ.

Во меѓувреме група на граѓани протестираат пред законодавниот дом против францускиот предлог со транспаренти и извици на негодувања. Притоа демонстрантите фрлаат и тоалетна хартија кон зградата на Собранието.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.