По пробниот период, „Instagram“ сега постепено ја нуди алатката за повеќе креатори на содржини.
Можноста за претплата беше воведена уште во јануари оваа година, но тогаш беше достапна за само десет креатори.
Годинава „Instagram“ работеше на развивање на својата програма за претплата за креаторите кои сега можат да споделуваат објави само за претплатници.
„Reels“ содржините и фотографии ќе имаат виолетова значка со симбол на круната за да се истакнат.
Адам Мозери, првиот човек на „Instagram“, истакна дека тоа е функцијата за која имал најмногу барања од креаторите во програмата, пренесува „Engadget“.
Нова е и опцијата за чет за претплатници. Креаторите можат да имаат групни разговори со најмногу 30 претплатници, што би требало да ги натера да поминуваат уште повеќе време на „Instagram“ наместо на друга социјална мрежа.
Групните разговори се овозможени од „Messenger“, а креаторите можат да ги започнат од нивното сандаче или опцијата „Story“. Претплатниците ќе имаат пристап и до почетната картичка на профилот на креаторот каде што ќе биде централизирана содржината од платениот систем, вклучувајќи фотографии, „Reelse“ и „Live arhive“.
https://twitter.com/mosseri/status/1547574099035115527?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1547574099035115527%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fdobri-vesti-za-kreatorite-na-ekskluzivni-sodrzhini-na-instagram%2Fa538887%3Ffbclid%3DIwAR1FssvhHqvdBBBfhEykxwmd7KnQJ22SQRiSF1By4UUY-RXBIX8ZdtFJvJk
Мозери вели дека десетици илјади креатори во САД сега имаат пристап до програмата за претплата, која им овозможува на фановите да им наплаќаат до 100 долари месечно за пристап до ексклузивна содржина.
Во јануари, „Instagram“ почна да ги тестира претплатите на креаторите со „Paywall Stories“ и „Livestreams“. Претплатниците добиваат и виолетова значка која се појавува до нивните кориснички имиња во коментарите и приватните пораки.
„Meta“, исто така, им нуди на креаторите други стимулации за градење публика и споделување содржина на „Facebook“ и „Instagram“. Така минатиот месец објавија дека нема да наплаќаат провизија за заработката што креаторите ја остваруваат преку апликациите до 2024 година.
Извор: Б92
