HomeАктуелноОд удари нанесени од тројцата паднал во кома па починал, поднесено обвинение за убиството на Денис Тот

Од удари нанесени од тројцата паднал во кома па починал, поднесено обвинение за убиството на Денис Тот

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети, бидејќи се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.