HomeАктуелно355 санкции за брзо возење

355 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 355 возачи. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 178 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 177 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Извор:MВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.