HomeАктуелноЧетири интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие

Четири интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие

Екипите на кумановската противпожарна единица претпладнево го изгасија пожарот на помошен објект во кумановското село Пчиња, соопшти територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал во 04:00 часот, утрово. Најнапред интервенирала само една екипа, по што е испратена и втора со друго возило.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пожарникарите во текот на вчерашниот ден интервенирале во два наврати и на пожар во село Проевце кај „Ловечки Дом“ кој минатата ноќ беше предизвикан од удар на гром. Првпат интервенирале од 13:45 до 14:55 часот, втор пат од 16:35 до 18:00 часот, се наведува во информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Во липковското село Белановце вчера бил опожарен џип на МВР. Од 15:50 до 17:05 часот четворица пожарникари го гаселе пожарот на возилото со едно противпожарно возило.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.