На 28.07.2022 во 09.45 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(36) од Италија, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кон вработените на аеродромот, соопштија од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
