HomeАктуелноЛибан негира дека бродот што пристигнал во земјата превезувал товар со украдено жито

Либан негира дека бродот што пристигнал во земјата превезувал товар со украдено жито

Либански царински службеник го оспори претходното тврдење на украинската амбасада во Бејрут дека сирискиот брод Лаодикеја, кој неодамна пристигна во Либан, превезувал товар со украинско жито украдено од Русија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Висок царински службеник, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека царината го прегледала товарот и оти со него „се е во ред“ и дека документацијата на бродот била исправна.

На Лаодикеја има товар од 5.000 тони брашно и исто толку тони јачмен, за кој украинската амбасада во Либан изјави дека Русија ги украла.

Амбасадата тврдеше дека бродот пристигнал во пристаништето Феодосија на Крим, претходно овој месец, а потоа поминал 10 дена во Црното Море со исклучени системи за следење.

Руската амбасада во Бејрут соопшти дека тврдењата на Украина се „неосновани“.

Лаодикеја е под санкции на САД од 2015 година, поради поврзаност со властите на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.