На плоштадот „Долна порта“ во Охрид, вечерва од 19:00 часот ќе се одржи првиот настан на конвивиумот Slow food Ohrid, насловен „Вкусете го Охрид! …локално“.
– Заедно да ги откриеме локалните вкусови од Охридско, да ги промовираме локалниот биодиверзитет на храна и малите производители, чувари на традиционалното знаење во производството на автентична храна, како и младите производители на иновативни производи кои ги произведуваат на одржлив начин, порачуваат организаторите.
Посетителите ќе може да дегустираат и да купат домашна локална храна од охридскиот регион, органска храна, традиционални преработени производи, рачно изработени уникатни сувенири, понудени директно од производителите со најдобар квалитет и цени.
