HomeАктуелноЗеленски нареди евакуација на Доњецк

Зеленски нареди евакуација на Доњецк

Украинската влада нареди задолжителна евакуација на Доњецк, источниот регион кој е сцена на жестоки борби со руските сили, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во вечерното телевизиско обраќање до јавноста, Зеленски рече дека стотици илјади луѓе кои се уште се во конфликтните зони во пошироката област на Донбас исто така мора да си заминат.

„Колку повеќе луѓе го напуштаат Доњецк сега, толку помалку луѓе руската армија ќе има време да убие“, рече тој, додавајќи дека евакуираните ќе бидат обесштетени.

„Многумина одбиваат да заминат, но тоа сепак мора да се направи. Ако имате можност, ве молам разговарајте со оние кои се уште се во конфликтните зони во Донбас. Ве молиме убедете ги дека мора да заминат“, рече Зеленски.

Вицепремиерката Ирина Верешчук изјави дека евакуацијата треба да се изврши пред почетокот на зимата бидејќи се уништени резервите на природен гас во тој регион, пренесоа украинските медиуми.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.