HomeАктуелноПожарникарите од Куманово гаселе опожарена сува трева во атарите на неколку села

Пожарникарите од Куманово гаселе опожарена сува трева во атарите на неколку села

Кумановските пожарникари, изминатово деноноќие гаселе опожарена сува трева во различни села, а интервенирале и на запалено ѓубре, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Опожарена сува трева горела во Романовце од 12:35 до15:10 часот, во Липково од 15:15 до 17:30 часот, и во село Никуљане од 17:45 до 18:55 часот. Во текот на денот, било запалено ѓубре во населбата Средорек. На сите пожари било делувано со по едно возило и со една противпожарна екипа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.