HomeАктуелноСтојановски, Неделковска, Велковски и Јанковиќ победници на Илинденскиот пливачки маратон

Стојановски, Неделковска, Велковски и Јанковиќ победници на Илинденскиот пливачки маратон

Кристијан Стојаноски во машка и Ивана Неделковска во женска конкуренција на натпреварувачи постари од 17 години, се победници на Илинденскиот пливачки маратон, што традиционално по 43. пат се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Првото место во групата до 16 години го освоија Никола Велковски во машка и Сара Јанковиќ во женска конкуренција. Втор на целта во оваа конкуренција беше Стефан Тодоров, а Сергеј Малјановски Арнаудовски трет. Од девојките втора беше Нада Миленковска, а трета Росана Гошева.

Во категоријата над 17 години втор до целта пристигна Урош Трпоски, а трет беше Предраг Мургоски. Во женска конкуренција второто место и припадна на Јована Неделковска, а трета на Ангела Смилевска.

Организатор на Илинденскиот пливачки маратон е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а се одржа под покровителство на Општина Охрид. Натпреварувачите пливаа од плажата „Горица“ до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. На годинашната манифестација беа пријавени 44 пливачи, 29 во машка и 15 во женска конкуренција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.