HomeАктуелноСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го сквернавеше Денот на републиката, Мицкоски кажа НЕ и на Илинден

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го сквернавеше Денот на републиката, Мицкоски кажа НЕ и на Илинден

Срамно, ниско и недостоинствено беше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на најголемиот државен празник 2ри Август – Денот на Републиката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево намерно доцнеше по агендата, ја напушти манифестацијата пред да се интонира државната химна, а собирот на кои илјадници граѓани масовно и достоинствено го чествуваа празникот, ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува во дневно партиски цели.

Мицкоски како и секоја година избега од најважните локации, си правеше приватна прослава со стотина поддржувачи и оттаму сееше омраза и поделби.

Тоа е само показател дека во ВМРО-ДПМНЕ и кај Мицкоски нема основно чувство за државност, нивното дејствување е исклучиво на штета на интересите на граѓаните и државата.

 

Центар за комуникации со јавноста

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.