Попладнево се случи уште една сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, во близина на село Ботун, општина Дебрца.
Од информациите со кои располага редакцијата на powerinfo.mk автобус удрил во автомобил по што излетал од коловозот.
За причинителот на оваа несреќа и за тоа дали има повредени лица очекуваме официјални информации од СВР Охрид, кој во моментов вршат увид на местото на настанот.
видео: powerinfo.mk
