Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.
– Денес ќе се задржи сончево и многу топло време, попладне на места со зголемена облачност. Утре ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика благо опаѓање на дневната температура. Од утре во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
