HomeАктуелноКрводарителски акции во чест на празникот Св. Климент

Крводарителски акции во чест на празникот Св. Климент

Во чест на празникот Св. Климент, денеска и утре во Охрид ќе се одржат крводарителски акции.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
 – Традиционалната крводарителска акција, која секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид и тоа денес, понеделник, 8-ми август, во периодот од 19:00 до 24:00 часот и утре, вторник, 9-ти август, од 09:00 до 13:00 часот, информираат организаторите од охридскиот Црвен крст.

Додаваат дека зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, треба да биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.