HomeАктуелноМобилизиран медицински персонал, повредени се 29 лица од сообраќајката кај Гевгелија се транспортираат во Скопје

Мобилизиран медицински персонал, повредени се 29 лица од сообраќајката кај Гевгелија се транспортираат во Скопје

Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово – Гевгелија, според првичните информации на МИА, повредени се мигранти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Добивме повик за поголем број повредени мигранти – 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, биле околу педесетина, такви ни се првичните информации, рекоа од Брза помош Кавадарци.

Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.

Од МВР потврдија дека вечерва во 18.10 пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од с. Марвинци кон М1, рег.пат Гевгелија – Демир Капија.

Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.