HomeАктуелноВремето во Охрид променливо облачно, попладне нестабилно со дожд

Времето во Охрид променливо облачно, попладне нестабилно со дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопштија од УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно, попладне со услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До недела, под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.